Трпен Марков
Трпен Марков | ||
Роден | 1879 Вишени, Костурско денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 21 септември 1903 Пловдив, Бугарија |
Трпен Марков (1879, Вишени - 21 септември 1903, Пловдив) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Трпен Марков е роден во 1879 година во селото Вишени, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Егејска Македонија, Грција, во семејството на Дамјан Марков - кмет на Вишени, претседател на вишенскиот револуционерен комитет, а подоцна и член на Костурскиот околиски комитет на Македонската револуционерна организација. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршил Битолската машка егзархиска гимназија. Во Битола застанал на чело на револуционерен кружок во кој влегувале Георги Баждаров, Андреј Кезепов, Георги Христов и Георги Тодоров [1][2].
По завршувањето работел како учител и станал член на Организацијата, но поради револуционерната дејност бил уапсен и затворен. Сепак, успеал да избега и во октомври 1902 година се преселил во Источна Тракија, односно во Одринскиот револуционерен округ, под името Димитар Врбанов и работел како учител во Мало Трново, каде што ја продолжил револуционерната дејност и станал член на Малотрновскиот околиски револуционерен комитет.
Умрел во Пловдив во 1903 година [3].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Баждаров, Георги. Моите спомени
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.