Прејди на содржината

Сава Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сава Михајлов
Роден 25 декември 1877
Мачуково, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 1 март 1905
кај Смол, Гевгелиско, Егејска Македонија

Сава Михаjлов (25 декември 1877 - 1 март 1905) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Потртет на Сава Михајлов
Споменик на Сава Михајлов, Гевгелија

Завршува гимназиjа во Солун и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ТМОРО. Таму е предаден и по фаќањето на Мис Стон, се присоединува кон четата на Јане Сандански.

Од почетокот на 1903 бил војвода во Гевгелиско.

Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар кај Гевгелија.

Загинува на 1 март 1905 година кај селото Смол, Гевгелиско. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска.

Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов, а војводата Апостол Петков, ранет во петата, со петмина четници успеваат да се спасат [1].

Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн.

За време на НОБ во Втората светска војна гевгелискиот партизански одред го носел името на Сава Михајлов.

Уште како ученик во Цариград кај мене се роди идејата за независност од Османлиите, но посуштински таа созреа во Солун, каде што имавме ученички кружок и дознавме дека нешто се работи. Знаевме дека Даме Груев, кој беше тогаш во Штип, работи нешто против Османлиите, но дека има некаква организација, не знаевме... Кога заминав во Кавадарци како учител, уште не бев посветен на делото... Од крајот на 1895 го дина станав член на Организацијата [2]
  1. Христо Силянов. Борбите към Енидженското езеро, ч.1 Архивирано на 13 декември 2012 г., (из "Освободителните борби на Македония", т.II)
  2. ЖИВОТ ПРЕД ОЛТАРОТ НА ТАТКОВИНАТА

Галерија

[уреди | уреди извор]