Божин Теофилов
Божин Теофилов, наречен Косоврашки е македонски револуционер, дебарски реонски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, подоцна станал ренегат и србоман.
Животопис
[уреди | уреди извор]Божин Теофилов е роден во реканското село Горно Косоврасти, тогаш во Отоманското Царство. Се приклучува кон ВМОРО и учествува во Илинденското востание. По задушувањето на востанието е четник при Георги Сугарев, а подоцна е самостоен војвода во Дебарското и Реканско.
По Младотурската револуција во 1908 година преминува на српска страна и на 1 мај 1909 година со помош на локалните србомани Павле Ажиевски и лекарот го убива галичкиот свештеник Амвросиј Попмилетиев. Фатен е на 24 јуни од Јован Гарски и селската милиција во Гари и обесен од турските власти во Дебар на 1 септември 1910 година [1][2][3].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 15, 12 юли 1909, стр. 2-3.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 166.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 21, 11 септември 1910, стр. 2.