Прејди на содржината

Чувар на Двете Свети Џамии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чувар на of Двете Свети Џамии
خَـادِم الْـحَـرَمَـيْـن الـشَّـرِيْـفَـيْـن
Khādim al-Ḥaramayn aš-Šarīfayn (арапски)

ЗвањеВеличество
Прв владетелСаладин
СедиштеКралска палата, Ријад

Чувар на Двете Свети Џамии (арапски: خَـادِم الْـحَـرَمَـيْـن الـشَّـرِيْـفَـيْـن) — титула што го користеле многу муслимански владетели, вклучувајќи ги и Ајубидите, владетелите на Мамелучкиот Султанат од Египет, владетелите на Отоманското Царство и во денешно време, арапските кралеви[1]. Титулата се однесува на владетелот кој ја презел одговорноста за чување и одржување на двете најсвети џамии во исламот: Месџид ел-Харам (арапски: ٱلمسجد الحرام - Света џамија) во Мека и Џамија на Пророкот (арапски: ٱلمسجد النبوي - Џамија на Пророкот) во Медина[1][2] both of which are in the Hejazi region[3], и двете се во регионот Хиџаз на Арапскиот Полуостров.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се верува дека првиот човек кој ја употребил титулата бил Саладин[4].

По поразот на Мамелуците и стекнувањето контрола над Мека и Медина во 1517 година, османлискиот султан Селим ја прифатил титулата „Слуга на двата свети града“[5][6][7]. Оваа титула ја користеле сите подоцнежни отомански калифски султани до Мехмед VI (1861-1926).

Првиот крал на Саудиска Арабија кој ја презел титулата бил Фејсал бин Абдулазиз (1906-1975). Неговиот наследник Халид бин Абдулазиз не ја користел титулата, туку ја предал на наследникот Фахд бин Абдулазиз. Сегашниот крал, Салман бин Абдулазиз, ја добил истата титула по смртта на неговиот полубрат, кралот Абдула бин Абдулазиз, на 23 јануари 2015 година.

  1. 1,0 1,1 Wood, Paul (August 1, 2005). „Life and legacy of King Fahd“. BBC News. Посетено на April 6, 2011.
  2. „Custodian of the Two Holy Mosques King Abdullah bin Abdulaziz“. The Saudi Embassy in Tokyo, Japan. Архивирано од изворникот на 2011-01-20. Посетено на April 6, 2011.
  3. Merriam-Webster's Geographical Dictionary. 2001. стр. 479. ISBN 0 87779 546 0. Посетено на 2013-03-17.
  4. Fakkar, Galal (27 January 2015). „Story behind the king's title“. Arab News. Jeddah. Посетено на 27 June 2016.
  5. Freidun Emecen, Selim I, TDV İslam Ansiklopedisi, Vol.36, p.413-414. (In Turkish)
  6. İlber Ortaylı, "Yavuz Sultan Selim", Milliyet (In Turkish)
  7. İlber Ortaylı, "Surre alayı Topkapı Sarayı’ndan geçiyor", Milliyet, 20 April 2008 (In Turkish)