Османизмот, или отоманизам (турски: osmanlılık, osmanlıcılık) — политичка идеологија за државното уредување на Отоманското Царство, која настанала во средината на младотурскиот период, пред донесувањето на првиот Отомански устав (1876 - 1878).
Појавувањето на османизмот придонело за реформите на Танзиматот, особено за издавањето на султанскиот ферманХатихумајун во 1856 година, во кој се зборувало за целосна еднаквост на поданиците од сите милети, како и за Законот за народностите од 1869 година, со кој било воведено единствено османлиско државјанство без разлика на верска и етничка припадност. Османизмот се наоѓал под силнато влијание на идеите на европското просветителство, а исто така на Големата Француска револуција. Неговите поборници, изјавувале еднаквост пред законите, општа воена служба и задолжително државно образование за сите поданици на империјата. Османистите сметале дека тоа ќе ги реши проблемите во општеството, но ставовите не им биле сосема прифатени. Муслиманите виделе во тоа ликвидирење на нивната позиција на супериорност, а немуслилманите го прифатиле како обид да се одземат некои нивни специфични привилегии како на пример ослободувањето од воената служба. Османизмот доживеал ренесанса за време на Младотурската револуција од 1908 година и во периодот на Вториот устав на Отоманското Царство (1908 - 1922). Кога Младотурците дошле на власт го прогласиле Османизмот за официјална идеологија и го промовирале создавањето на единствена Османлиска нација, составена од одделните народности (милети) во империјата. Меѓутоа, постепеното зајакнувањето на национализмот, кое се манифестирало во низа востанија и војни (особено Првата балканска војна1912 - 1913 година), и тие довеле до силно намалување на поддржувачите на Османизмот. На почетокот на Првата светска војна концептот почнал да ја губи популарноста и постепено бил заменет со идеите на кемализмот.