Прејди на содржината

Застој на Отоманското Царство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с top: Јазична исправка, replaced: подржув → поддржув
с top: Јазична исправка, replaced: лиски исток → лизок Исток
Ред 2: Ред 2:
'''Застојот на Отоманското Царство''' ([[1683]]-[[1827]]) претставува период од историјата на [[Отоманското Царство]] кој следел по [[Територијално проширување на Отоманското Царство|периодот на територијално проширување]] ([[1453]]-[[1683]]). По завршувањето на овој период следувал [[Распад на Отоманското Царство|периодот на распаѓање на империјата]].
'''Застојот на Отоманското Царство''' ([[1683]]-[[1827]]) претставува период од историјата на [[Отоманското Царство]] кој следел по [[Територијално проширување на Отоманското Царство|периодот на територијално проширување]] ([[1453]]-[[1683]]). По завршувањето на овој период следувал [[Распад на Отоманското Царство|периодот на распаѓање на империјата]].
Во текот на овој период, голем дел од [[Балкан]]от бил отстапен на [[Австрија]]. Одредени области во империјата, како [[Египет]] и [[Алжир]] станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на [[Велика Британија]] и [[Франција]]. Во текот на [[XVIII век]] централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на [[XVIII век]] и [[XIX век]] се воделе серија од војни со [[Руска Империја|Руската Империја]]. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. [[Јаничари]]те повеќе не биле купувани преку т.н. [[данок на крв]]. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во [[Европа]] ниту на [[Блиски исток|Блискиот Исток]].
Во текот на овој период, голем дел од [[Балкан]]от бил отстапен на [[Австрија]]. Одредени области во империјата, како [[Египет]] и [[Алжир]] станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на [[Велика Британија]] и [[Франција]]. Во текот на [[XVIII век]] централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на [[XVIII век]] и [[XIX век]] се воделе серија од војни со [[Руска Империја|Руската Империја]]. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. [[Јаничари]]те повеќе не биле купувани преку т.н. [[данок на крв]]. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во [[Европа]] ниту на [[Близок Исток|Блискиот Исток]].


Долгиот период од османлискиот застој обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на [[Селим III]] ([[1789]]-[[1807]]) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е [[Технички универзитет (Истанбул)|техничкиот универзитет]]. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус [[низам-и-џедид]], направил [[девалвација]] на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Османлиското Царство започнала да отвора амбасади во европските престолнини.
Долгиот период од османлискиот застој обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на [[Селим III]] ([[1789]]-[[1807]]) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е [[Технички универзитет (Истанбул)|техничкиот универзитет]]. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус [[низам-и-џедид]], направил [[девалвација]] на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Османлиското Царство започнала да отвора амбасади во европските престолнини.

Преработка од 06:39, 4 јануари 2023

Застојот на Отоманското Царство (1683-1827) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по периодот на територијално проширување (1453-1683). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата.

Во текот на овој период, голем дел од Балканот бил отстапен на Австрија. Одредени области во империјата, како Египет и Алжир станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на Велика Британија и Франција. Во текот на XVIII век централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на XVIII век и XIX век се воделе серија од војни со Руската Империја. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. Јаничарите повеќе не биле купувани преку т.н. данок на крв. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во Европа ниту на Блискиот Исток.

Долгиот период од османлискиот застој обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на Селим III (1789-1807) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е техничкиот универзитет. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус низам-и-џедид, направил девалвација на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Османлиското Царство започнала да отвора амбасади во европските престолнини.

Султанот Махмуд II (1808-1839) продолжил со реформите на својот претходник. Во 1826 година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус, спахиите и организирал нова коњаница и артилерија. Освен тоа, вој вовел и реформи во морнарицата. Неколку големи везири и членови на Високата порта отворено го поддржувале султанот и неговите реформи. Најпрвин била реформирана централната власт, Високата Порта добила нови министерства, војската добила нова униформа.

Додека султанот се обидувал да ја спаси империјата, на Балканот започнале организирани борби против отоманската власт. Т.н. процес на распаѓање на импријата го започнале Србите во 1804 година. Српската војна за независност го одбележил почетокот на националното будење на балканските народи. По т.н. Второ српско востание, Србија добила независност (де јуре 1830).[1][2] Во 1821 година започнала Грчката војна за независност, која вклучувала и делови во Македонија, Крит, Пелопонез и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.[3] Во крајна сметка, грчките револуционери, помогнати од страна на европските сили, во 1830 година издвојувале победа, по кое била создадена слободна држава Грција.

Наводи

  1. http://www.njegos.org/past/liunion.htm
  2. Berend, Tibor Iván, History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century, (University of California Press Ltd, 2003), 127.
  3. Jelavich, p. 217.