Прејди на содржината

Подем на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Подемот на Отоманското Царство (1299-1453) се однесува на периодот кој започнал со слабеење на Селџучкиот Султанат кон почетокот на 14 век, а завршил со пропаѓањето на Византиското Царство по падот на Цариград во 1453 година. Создавањето на империјата било во момент кога било распаднато старото Римско Царство. Голем дел од териториите на Римското Царство биле освоени од страна на Османлиското Царство. Така, наместо христијанската државна религија, на нејзино место била воведена муслиманската.

Првиот период од османлиската историја го наметнува прашањето како едно мало погранично кнежевство на Осман со идеја за света војна против Византија се развила во една голема империја. Според една теорија се смета дека грчкото население околу Мраморниот регион го примил исламот и влегол во составот на муслиманската држава. Сепак, според поголемиот дел од историчарите сметаат дека корените на Османлиите треба да се бараат во политичката, културната и демографската политика на Анадолија во текот на 13 век.

Првата етапа од овие настани биле со монголските освојувања на муслиманскиот Близок Исток во текот на 13 век. По победата на Монголците во Битката кај Ќосе Даг во 1243 година, Султанатот на Селџуците во Анадолија станал вазална држава на Илханат кое ханство било дел од Монголското Царство. Како последица од оваа монголска инвазија започнала туркменска миграција кон западните делови на Азија.

По потекло од Средна Азија, овие племиња најпрвин се доселиле во Персија и источна Анадолија, а по ова продолжиле кон западот населувајќи се по должината на границата меѓу Византија и Селџучкиот султанат во планинските предели на Западна Анадолија. Во 1271 година во султанатот избувнала граѓанска војна каде муслиманските мамелуци навлегле длабоко во Анадолија за да помогнат да се задуши востанието. По крајот на востанието овие војници објавиле света војна на христијаните односно на Византија. Во периодот од 1260 до 1320 година водачите започнале со основање на свои независни кнежевства. Византија, која Цариград си го вратила во 1261 година не била многу загрижена за својата западна граница бидејќи биле зафатени со Балканот. Од сите овие територии, Осман владеел во северниот дел и бил најблиску до Византија

Почетокот на создавањето на Османлиското Царство се одликува со постојани Отоманско-византиски војни кои траеле околу 1,5 век. Во текот на тој период, Османлиите ја презеле контролата врз Анадолија и Балканот. Овој период од историјата на Османлиското Царство според поголем дел од историчарите завршува по заземањето на Цариград во 1453 година. По крајот на овој период во Османлиското Царство следува период познат како раст на империјата кој траел од 1453 до 1683 година.

Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со туркиско потекло. Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на туркиски народи.[1] Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучкото Царство во Битката кај Манцикерт, овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците.

И покрај тоа што Византија продололжила да опстојува на овие простори, сепак нејзините територии значително започнале да се намалуваат. Крстоносните војни и задале голем удар на Византија, бидејќи таа привремено престанала да постои по заземањето на Цариград од страна на Латинското Царство. Битката кај Манцикерт го означил почетокот на византиското истиснување од Анадолија. Од друга страна пак и муслиманите имале свои проблеми. Тие најмногу се појавиле помеѓу Селџуците и Фатимидите кои владееле во Египет и Сирија. Овие проблеми најмногу биле искористени од анадолските бејлици, кои успеале да се обединат во едно кнежевство.[2]

Меѓу овие помали кнежевства било е кнежевството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот водич се прогласил за султан и основал нова династија, наречена според него Османлиска династија. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиското Царство во 1299 година.[3]

Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиското Царство, која постоела шест векови. Во 1265 година, византискиот град Согут бил заземан од страна на Осман бег.[4] По падот на Согут, териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на Византија. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на 13 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини.

Така бил заземан Јенишехир, а по ова паднала Бурса и Никеја (Изник), најголемиот византиски град во Анадолија. Бурса паднала во 1326 година, непосредно пред смртта на Осман.

Поврзано: Битка кај Бафеј, Опсада на Бурса

Наследник на Осман станал неговиот син Орхан I. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337 паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично.

Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц Јован VI Кантакузин. Во 1346 година Орхан отворено го поддржал Јован VI во симнувањето од престолот на Јован V Палеолог. Кога тој дошол на престолот, на Османлиите им било дозволено да го окупираат напуштениот полуостров Галиполе. Во следната деценија, Османлиите започнале колонизација на Тракија со муслиманско население. Сепак, византискиот цар бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој Византија ја признала загубата на Тракија.

Поврзано Битка кај Пелеканон, Опсада на Никеја, Опсада на Никомедија

Првата поголема офанзива на новиот султан Мурат I била во 1365 година во Битката кај Одрин. Одрин (Адријанопол) бил најважниот византиски воен, административен и економски центар во Тракија. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на османлиското присуство на Балканот и Европа. Веднаш по битката, престолнината на Османлиите била пренесена од Бурса во Одрин. Ова преместување на престолнината на Османлиите им овозможило место при идните напади на балканските земји.

Откако Едрене станал престолнина на Османлиите, започнал стравот кај балканските држави од можното нивно пропаѓање односно потпаѓање под османлиска власт. Многу бргу Византија започнала да ги губи своите територии, со исклучок на престолнината Цариград и околината, Солун и Пелопонез. Во 1354 година Османлиите ги поминале Дарданелите. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон Цариград, остварувајќи значајни победи против Венецијанската Република. Поради немање на ресурси станало јасно дека престолнината Цариград било прашање на време кога ќе падне во рацете на Османлиите.

Бугарската империја во времето на Јован Александар започнала да опаѓа. Јован Александар (1331-1371) успеал да ја прошири земјата на југ. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во 1352 година, Османлиите ја зазеле првата тврдина на полуостровот, Цимпе. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на Видинско царство управувано од Иван Страцимир, Трновско царство управувано од Иван Шишман и Добруџанско деспотство управувано од страна на Добротица.

Отоманската инвазија на Балканскиот Полуостров ја почувствувала и Србија. Српската империја во времето на царот Стефан Душан била најсилната феудална држава во околината. По смртта на Душан во 1355 година, тој бил наследен од страна на Урош, а српската држава започнала да слабее.

Во Македонија владееле неколку мали кралства и кнежевства. Волкашин успеал да го основа Прилепското Кралство. На територијата на денешна Црна Гора била создадена Зета, во 1355 година. Зета била под власта на династија Балшичи.

Галиполе

[уреди | уреди извор]

Повторното заземање на Галиполе претставува успешен обид на Амадеус VII, Гроф од Савоја во заземањето на Галиполе од страна на Османлиите, кои пак Галиполе го држиле од 1354 година, по катастрофалниот земјотрес. Од 1354 година, година кога за првпат Турците ги преминале Дарданелите, започнал период на населнување на муслиманко население во освоените или окупираните села и градови. Галиполе бил стратешки важен центар за христијните, бидејќи Османлиите веќе се движеле во внатрешноста на Тракија. Сепак, во 1377 година Галиполе повтоно бил заземен од Турците.

Маричка битка

[уреди | уреди извор]

Маричката битка позната и како Черноменска битка, се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26 септември 1371 помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.

Деспотот Углеша сакал да ги нападнат Турците ненадејно во нивното упориште Едрене, додека султанот Мурат I бил во Мала Азија. Отоманската војска била многу помала македонската која броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците, успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.

Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на Прилепското Кралство, но сега како вазал на Турците. Бугарија исто така останала во вазалска статус.

Филаделфија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Османлиите. Набргу по доаѓањето му на престолот, неколку територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Отоманците. Тоа било време кога голем дел од балканските владетели склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи.

Во следните години битките помеѓу Османлиите и балканските народи продолжиле. Од позначајните, следувале Битката кај Дубравница, Битката кај Саврово поле, Битката кај Плочник и Билеча. Отоманците во поголем дел од овие битки доживувале порази.

Косовска битка

[уреди | уреди извор]

Косовска битка е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии на 28 јуни 1389 година. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Според голем дел од историчарите, Косовската битка е една од најзначајните победи на империјата.[5][6][7][8][9][10] Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. Со победата во Косовската битка, Османлиската држава го разбила единствениот доволно моќен соперник на Балканот во тоа време. Но и на самата османлиска војска ѝ требало време да закрепи од битката.

При разгледувањето на текот на Косовската битка, важен и неминовен е еден настан: убиството на турскиот султан Мурат I. Општо прифатен е фактот дека убиството се случило пред почетокот или, барем, пред решавачкиот момент на битката. Сите извори се согласни дека бил убиен со измама: српски благородник под изговор дека пребегнува на страна на Турците бара да биде примен од Мурат, кога всушност и успева да го убие, чин по кој и тој самиот е убиен. Во српското народно творештво овој лик е познат како Милош Обилиќ или, поретко со презиме Кобилиќ.

Бајазит I

[уреди | уреди извор]

Бајазит I на султанскиот престол се качил веднаш по смртта на неговиот татко во Косовската битка во 1389 година. Кога дознал дека неговиот татко е мртов, тој наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња.

Битка кај Никопол

[уреди | уреди извор]

Битката кај Никопол се случила на 25 септември 1396 година помеѓу Отоманското Царство од една страна и крстоносните сојузници предводени од Кралство Унгарија, Светото Римско Царство, Франција, Полска, Англија, Шкотска, Венеција, Џенова. Оваа битка се одвила близу Никопол. Сојузниците во почетокот бележиле успех, за да подоцна нивниот поход заврши катастрофално. Околу 1000 војници биле убиени, а 10 000 заробени. Со ова битка, Османлиите конечно се утврдиле како долготрајни господари на Балканот.

Битка кај Ангора

[уреди | уреди извор]

Во времето на Бајазит, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Монголците започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. До поголема војна дошло на 28 јули 1402 година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на Турција, Анкара. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници.

Во битката Монголците издвојувале голема победа. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.

Султанот Бајазит починал на 9 март 1403 година [11] По победата, Тимур не продолжил со своите победи во Анадолија, туку се свртел кон исток, сакајќи да ја освои Кина.

Османлиски интерегнум

[уреди | уреди извор]

Османликсата граѓанска војна, позната и како османлиски триумвират (турски: Fetret Devri) или Османлиски интерегнум, започнала во 1402 година по смртта на султанот Бајазит I од страна на монгоскиот султан Тимур во Битката кај Ангора. И покрај тоа што Мехмед Челеби бил избран за новиот султан на Османлиското Царство, сепак тоа не било прифатено од страна на неговите браќа. Ова резултирало со започнување на граѓанска војна во империјата.[12]

Војната завршила во 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името Мехмед I.

Кога Мехмед Челебија остварил победа над своите браќа, во 1413 година тој бил крунисан за нов султан во Едрене како Мехмед I. Неговата прва задача била да ја врати гордоста и силата на Отоманското Царство. Претходно, империјата претрпела тешки моменти, преку инвазијата на Монголците и граѓанската војна во земјата. Христијанските кралства на Балканот не биле во голема надлежност на Отоманците.

Мехмед престолнината на империјата ја преместил од Бурса во Одрин. Неговите македонски, бугарски, српски, влашки и византиски вазали практично биле независни. Албанските племиња успеале да се обединат во една држава, Босна и Молдавија биле потполно независни. Унгарија сѐ уште ги држела своите амбиции кон Балканот, а Венеција пак крајбрежните делови.

Поради овие настани, султанот бил принуден да потпише мировен договор со Венеција, а имал и добри односи со Византија. Кога Мехмед починал во 1421, еден од неговите синови, Мурат, станал султан.

По доаѓањето на престолот на Мурат II, Отоманското Царство започналo воен поход против бунтовите кои избувнувале на Балканот, особено во Србија.

Опсада на Цариград

[уреди | уреди извор]

Првата опсада на Цариград од страна на Османлиите се случила во 1422 година. Во битката Османлиите за првпат употребиле топ, кој иако бил со краток дострел сепак помогнал во битката.[13] Силите на двете страни биле технички исти. Османлиите морале да изградат свои бази за да ги нападнат ѕидините на градот.[13] Византиските бранители ја победиле оваа битка. Според византиската традиција, градот бил спасен благодарение на интервенцијата на Пресвета Богородица.

И покрај победата на Византија, империјата во тоа време се наоѓала во голема економска криза. Главно поради ова, како и проблемите во Западна Европа од каде Цариград не добил скоро никаква помош, градот во рацете на Османлиите паднал во 1453 година.

Опсада на Солун

[уреди | уреди извор]

Опсадата на Солун се одвила од 1422 година до 1430 година. Опсадата била успешна за Османлиите. На пристаништето на Солун, Мурат се нашол во 1422 година.[14] За да се заштити подобро, Византија и го дала градот на Венецијанската Република.[15][16] Турците својата опсада ја одржиле до 1430 година кога го нападнале градот а потоа и го зазеле.[17]

Борби против Скендербег

[уреди | уреди извор]

Во исто време, Мурат водел големи војни и на просториите на денешна Албанија и Македонија, каде опстојувала т.н. Лешка лига под команда на Скендербег. Ѓерѓ Кастриоти успеал да создаде многу силна војска која успеала да ги прошири своите територии на сметка на Отоманците. Скендербег ги искористил борбите коишто ги воделе унгарските војски на чело со Јанко од Хунедоара, па со 300 коњаници успеал да ја заземе тврдината Кроја. По поразот на Турците, Скендербег во ослободените области формирал принципати, а на чело на еден од нив бил лично тој.

Скендербег ги победил на Османлиите во повеќе битки, како Битката кај Торвиол, Битката кај Мокра, Битката кај Мокра, Отонети, Ороник, Кроја итн. Градот Кроја станал престолнина на Скендербег.

Битка кај Варна

[уреди | уреди извор]

Битката кај Варна се случила на 10 ноември 1444 година, помеѓу отоманците предводени од страна на Мурат II, и крстоносците предводени од страна на кралот на Унгарија Јанош Хунади и кралот на Полска, Владислав III. Ова битка воедно е и последен опит Отоманското Царство да биде протерена од Балканскиот Полуостров, како и една од последните во т.н. Крстоносни војни.[18][19]

Битката завршила со огромна победа на Османлиите, а во борбата загинал кралот Владислав и папскиот кардинал Јулијан.

Битка на Косово (1448)

[уреди | уреди извор]

Втората битка на Косово се одвила од 17 октомври до 20 октомври 1448 година помеѓу силите на Кралство Унгарија на чело со Јанош Хунади и силите на Османлиското Царство предводена од Мурат II. Битката завршила со повлекување на унгарската војска и тактичка победа на Османлиите. Ова бил еден од последните обиди за протерување на муслиманите од Балканот. Унгарците сметале дека на Косово ќе добијат помош од страна на албанските сили на Скендербег, но до тоа не дошло главно поради разбивањето на унгарската војска. Во оваа битка не учествувал српскиот деспот Ѓурак Бранковиќ, бидејќи сметал дека османлиската војска е премногу силна за да се сопре нејзината инвазија. Затоа, Јанош Хунади, Србија ја сметал за непријател во војната. Главно поради ова, по неговото повлекување Јанош Хунади бил заробен од страна на српските сили. Бранковиќ побарал огромен откуп за Хунади. По неколкумесечните преговори, тој бил ослободен за 100.000 дукати.

Мехмед II на отомансклиот престол се качил во 1451 година, по смртта на Мурат. Мехмед успеал да потпише мировен договор со Венеција и Унгарија. Откако го обезбедил тоа, тој се свртел кон престолнината на Византија, Цариград. Кога султанот Мехмед II го наследил својот татко Мурат II на престолот на Отоманското Царство се верувало дека тој нема да биде способен владетел и дека нема да претставува голема закана за христијаните на Балканот и на Егејското Море.[20] Ваквото мислење било поткрепено од пријателскиот прием кој тој им го укажувал на пратениците кои ги примал во својот двор.[21] Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решава да изгради нова тврдина на европската страна на Босфор со што се зајакнува турското влијание во теснецот.[21] Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Цариград му се скратува можноста да добива помош од колиниите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црното Море. Новата твдрина била наречена Римска тврдина (турски: Rumeli Hisarı).

Намерата Константин XI да го одоборволи султанот со подароци и од него да побара гаранции за безбедноста на градот завршила со убиство на византискиот амбасадор - ниту византиската дипломатија не можела да го спаси градот.[21]

Опсада на Цариград

[уреди | уреди извор]

Опсадата на Цариград започнала на 29 мај 1453 година. На почетокот на опсадата, Мехмед II ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфорот и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу. Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Од тогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани.[22] османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мемед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако Османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[23] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден Турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[24] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот.[25][26]

По заземањето на Цариград, Мехмед го изградил Топкапи-сарај и престолнината на Османлиското Царство била преместена од Едрене во Цариград. Мехмед бил прогласен за новиот Римски цезар, замислувајќи се себеси како наследник на престолот на Римското Царство. Црквата Света Софија била претворена во џамија.

Опсада на Белград

[уреди | уреди извор]

Мехмед, кој по падот на Цариград станал познат и како Освојувач, бил решен да ја централизира својата власт. Што се однесувало до Балканот, тој решил да ги уништи и последните остатоци од Византија на Пелопонез и да се елиминират христијанските вазалства. Во 1454 година тој започнал серија од воени походи кои траеле до 1463 година. Целта била да се создаде солидна воена одбранбена линија по должината на реката Дунав и Јадранско Море, насочена главно против Венецијанската Република и Кралство Унгарија.

Србија била една од земјите кои биле приоритет за султанот. По само две години, Мехмед успеал да ја зазеде јужна Србија, заедно со профитабилниот рудник на сребро и злато во Ново Брдо. Во 1456 година на Мехмед слободно му било дозволено да помине преку земјите на Бранковиќ. На тој начин, Мехмед се упатил кон Белград и го опседнал. Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништување на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го заземат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III.

Потчинување на Кроја

[уреди | уреди извор]

Четвртата опсада на Кроја од страна на Османлиското Царство против силите на Албанија се случила во 1478 година, по смртта на Скендербег. Градот конечно бил освоен по трите неуспешни обиди на Османлиите. Во текот на четирите опсади, војниците и месното население било преморено од војна, глад и недостаток на средства за повторно да се спротивстави на империјата. Албанските бранители решиле да го предадат градот на Мехмед II, кој им ветил дека никој нема да биде повреден доколку по мирен пат се предаде градот. Сепак, по предавањето на градот, Османлиите не го одржале своето ветување. Голем број на војници биле убиени, жените и децата биле малтретирани.

По една година паднал и Скадар, кој тогаш бил под контрола на Венецијанската Република. По оваа битка следел период на исламизација на Албанија. Мехмед во 1458 година пристигнал во денешна Грција. До почетокот на 1459 година била освоена Атина. Со падот на Пелопонез во 1460 година, официјално престанала да постои Византиското Царство. Сите грчки земји и острови, со исклучок на Метони, Корони и Пилос, биле под контрола на Отоманците. Во 1462 година паднала и Влашка. По ова следувало и зазимање на Босна и Херцеговина.

Битка на Лебово Поле

[уреди | уреди извор]

Битката на Лебово Поле се одвила на 14 октомври 1479 година помеѓу христијанските сојузници предводени од Кралство Унгарија, и Османлиското Царство од друга страна. Битката се одвила на Лебово Поле, во близина на реката Муреш, во Трансилванија, денешна Романија.

Во битката, христијанската војска ја поразила на муслиманската. На чело на христијанската армија биле Павел Кинижи, Иштван Баториј, Вук Бранковиќ и Басараб Лајота. Турските војски пак биле под команда на Али Кодша бег и Басараб IV. На 9 октомври, османлиската војска навлегла на територијата на Трансилванија, каде бил ограбен реонот кај Каланик. Поради ова, главната битка била отворена по само неколку дена од страна на Кралство Унгарија. Така, на 13 октомври 1479 годинам на бојното поле се сретнале околу 20.000.000 османлиски војници наспроти 15.000 христијани. Османлиските војски имале големи загуби. Се смета дека погинале околу 15.000 војници, наспроти околу 3.000 на Унгарците.

  1. Malcolm Holt, Peter; Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis (1977). The Cambridge History of Islamy. Cambridge University Press. стр. 231–232. ISBN 0-5212-9135-6.
  2. Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and modern Turkey. Cambridge University Press. стр. 5–7. ISBN 0-5212-9163-1.
  3. Bideleux, Robert; Ian Jeffries (1998). A history of eastern Europe: crisis and change. Routledge. стр. 62. ISBN 0-4151-6111-8.
  4. Parker, Geoffrey (2005). Compact History of the World. London: Times Books. стр. 71.
  5. Battle of Kosovo, Encyclopedia Britannica
  6. „Kosovo Field, Columbia Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2008-07-07. Посетено на 2010-06-30.
  7. „Kosovo, Battle of, Encarta Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2008-01-04. Посетено на 2010-06-30.
  8. Historical Dictionary Of Kosova By Robert Elsie, pg.95
  9. The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged By Peter N. Stearns, William Leonard Langer, pg. 125
  10. Global Terrorism By James M Lutz, Brenda J Lutz, pg. 103
  11. Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320
  12. Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans, (University of Michigan Press, 1994), 499.
  13. 13,0 13,1 Stephen Turnbull, The Walls of Constantinople, AD 324–1453, Osprey Publishing, ISBN 1-84176-759-X.
  14. John Julius Norwich, Byzantine: The Decline and Fall (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1998) p. 394
  15. John Julius Norwich, A History of Venice (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1982) p. 343
  16. Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pg 277
  17. Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, p. 85
  18. Bodnar, Edward W. Ciriaco d'Ancona e la crociata di Varna, nuove prospettive. Il Veltro 27, nos. 1-2 (1983): 235-51
  19. Halecki, Oscar, The Crusade of Varna. New York, 1943
  20. Runciman 1965, p. 60
  21. 21,0 21,1 21,2 Norwich, John Julius (1997). A Short History of Byzantium. New York: Vintage Books. стр. 373.
  22. Vasiliev 1952, pp. 651-652
  23. Norwich, John Julius (1997). A Short History of Byzantium. New York: Vintage Books. стр. 380., "...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood"
  24. „The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro“. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2010-06-30.
  25. Nicolle, David (2007). The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium. New York: Osprey Publishing. стр. 237, 238. "In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege." ... "Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls." In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.
  26. The Fall of Constantinople, 1453